1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема акција против илегалците во Грција

СН/АТ/дпа/дапд/миа5 август 2012

Повеќе од 500 лица се приведени во обемната операција на грчката полиција за откривање на нелегални доселеници во земјата. Акцијата продолжува, најавија грчките власти.

https://p.dw.com/p/15kFB
Фотографија: Reuters

Со масивен полициски ангажман Грција спровдува операција против нелегалните доселеници. Околу 1.500 полицајци вчера и денеска се активни само во главниот град Атина во големата операција за откривање на илегалните имигранти. Акцијата во Атина се спроведува во стариот дел на градот, при што се вршат претреси по куќи и продавници на имигранти. До денеска утрината веќе биле пронајдени повеќе од 500 лица без дозвола за престој во земјата и биле пренесени во прифатниот камп во близина на Атина. Според медиумските извештаи голема операција за „лов“ на илегалните доселеници се спроведува и во округот Еврос во близина на границата со Турција на североистокот на земјата.

Flüchtlinge Immigranten Polizei in Griechenland
Фотографија: Reuters

Операцијата не е привремена мерка, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Никос Дендиас. Земјата на југоисточната граница на Европската унија веќе подолго време е собирна станица за нелегални мигранти пред се’ од Азија и од Африка. Во изминатите десет години во Грција прибежиште побараа повеќе од еден милион луѓе. Само во 2010-та година според грчки извори тоа го сториле 128 илјади лица. Најновите мерки меѓу другото се поттикнати и од стравувањата од можен бран бегалци од Сирија.