1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годинава значително пораснал бројот на киднапирани новинари

СН/бг/ртр/дпа18 декември 2013

Ширум светот во 2013. година биле киднапирани двојно повеќе новинари отколку во претходната година, стои во Годишниот биланс на организацијата „Репортери без граници“, објавен денеска (18.12).

https://p.dw.com/p/1Abwp

Во тековнава година ширум светот биле киднапирани вкупно 87 медиумски претставници. Тоа се 49 новинари повеќе отколку во 2012. година. Растот на бројката во најголем дел се должи на грабнувањата во Сирија, земјата во која се води граѓанска војна, се наведува во Годишниот биланс, на меѓународната медиумска организација „Репортери без граници“. Петте најопасни земји за новинарите годинава покрај Сирија биле и Индија, Филипините, Сомалија и Пакистан. Во затвор поради извршување на нивната известувачка работа во моментов се наоѓаат 178 новинари, најголемиот дел од нив , исто како и во 2012. година, во Кина, Еритреа, Турција, Иран и Сирија.

Ширум светот во текот на 2013 година биле пак убиени 71 новинар, што е нешто помала бројка на жртви во однос на минатата година. Во споредба со минатата година, кога беа убиени 88 новинари, во 2013 година бројот на жртвите е помал за 20 отсто.

Со свој извештај за жртвите меѓу новинарите годинава синоќа излезе и Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, соопштувајќи дека во 2013-та во светот загинале 52 новинари, додека 30 се водат како исчезнати.