Глос во Индија
30 август 2006Миахел Глос слета на аеродормот „Индира Ганди„ во главниот град на Индија. Целосно оптоварениот и застарен аеродром во моментов се модернизира со германско учество. Инфраструктурата и енергијата, според министерот, со оглед на огромниот растеж во Индија се посебно атрактивни за германска ангажман:
„Во инфраструкурата во Индија мора да се инвестира и поради големот пораст на населението, но и затоа што расте економијата. На пример, итно мора да се подобри ситуацијата на патиштата и железничките пруги, но тоа се однесува и на подрачјето на енергијата. Тоа го бара растежот на стопанството„.
По разговорите со неговите индиски колеги, Глос билансира:
„Јасно е дека сакаат соработка со Германија и овде кај нив, или и тие да инвестираат во Германија. Имам впечаток дека германското стопанство ја открива Индија зашто овде има исклучително висок развоен потенцијал и за во иднина„.
Всушност, билатералните економски односи меѓу Германија и Индија веќе достигнуваат рекорди и пазарот на оваа огромна земја станува се поважен за германските фирми.