1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобална битка за суровини

31 август 2010

Германската индустрија бара помош од политиката во борбата за обезбедување извори на суровини. Континентов е во подредена положба поради помалите сопствени резерви и губењето чекор во глобалната битка за суровините

https://p.dw.com/p/Ozzy
Германија сака пристап до африканските рудни богатстваФотографија: BGR

Германската индустрија бара од ЕУ да склучува партнерства со сродната организација, Африканската Унија, што би им овозможиле пристап на европските концерни до рудните богатства во Африка.

Таму веќе е присутна Кина, чие стопанство во забрзан подем просто е гладно по суровини. Кина увезува железна руда, паладиум, платина, литиум, бакар. Притоа, таа не се воздржува ни од кооперација со диктаторски режими на црниот континент. Големата кинеска побарувачка влијае врз порастот на цените на суровините.

China und Afrika, Kooperation, Symbolbild
Големата кинеска побарувачка влијае врз порастот на цените на суровините во АфрикаФотографија: AP

Причина за порастот на цената на железната руда, според претпоставките на германската индустрија, се и картелски договори на водечките светски концерни кои се занимаваат со експлоатација на таа руда. Седиштето на два од трите концерни, кои заедно имаат удел од 70 проценти на светскиот пазар, се наоѓа во Австралија, во која има и големи резерви на железна руда. За германските претпријатија цената на таа важна суровина речиси двојно се зголеми за последната година.

Автор: Данијел Вишевиќ / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска