1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гледано математички...

9 мај 2006

Порано можеби не беше баш се најдобро. Но, во најмала рака беше поефтино. Ваквот мислење може да се слушне во скоро секоја пешачка зона во кој и да е германски град. Луѓето се жалат на поскапувањето на струјата, на прехранбените артикли и на трошоците на живеењето воопшто. Сепак, дали вистина се поскапува?

https://p.dw.com/p/AeLt
Математички посматрано, на пазарите се е поефтино од порано. Но...?
Математички посматрано, на пазарите се е поефтино од порано. Но...?Фотографија: RRodembusch

„Се е поскапо: облеката, гардеробата..фустаните, маиците...„.

„Порано се беше поефтино...јасно...„.

„Да, се поскаупва... Јас се уште пресметувам во марки... Неверојатно е колку мора да се плати и за најмали ситници„.

Брзата анкета на бонскиот пазар покажува дека скоро сите мислат еднакво. Сонцето свети, но расположението е лошо. Се станува поскапо и поскапо. Но, дали е вистина така? Прашање за Кристоф Шредер од институтот за германската економија. Тој собра и спореди податоци од последниве години:

„Ако се посматра од 1960 година, имавме многу големо покачување на цените. Во последниве 45 години цените пораснаа за чертирипати„.

На пример, цената на лебот. Килограм во 1960 година чинеше, ако се пресмета во евра, точно 41 цент. Денес истиот леб чини 2 евра и 28 центи. Тоа се податоци на официјалната статистика. Цената на лебот порасна за повеќе од 5 пати. Додуша, во истиот период пораснаа и платите и тоа за 11 пати. Значи, денес се би требало да е поефтино. Меѓутоа, целата математика не е толку едноставна. Шредер тоа го обајснува со куповната моќ:

„Цените ги пресметавме во минути заработувачка, што значи, колку минути мора да се работи за да се купи некој производ – некогаш и сега„.

И повторно примерот со лебот. Во 1960 година работникот морал да работи 20 минути за килограм леб, а денес само 10. И покрај високата реална цена, сега лебот е за половина поефтин од тогаш. Инаку, воведувањето на еврото воопшто не го поскапе животот, тврди Шредер. Порастот на цените и на платите е изедначен. Тоа може математички да се докаже, но потрошувачите на тоа би реагирале со чудење и воопшто не би верувале. Така вели психологот Штефан Гриневалд кој за својата актуелна книга „Германија на кауч„ анкетирал илјадници потрошувачи:

„Во интервјуата, постојано се зборуваше за поскапувања 10, 20 или 30 насто. Имавме впечаток дека во прв ред владее чувство за поскапувањата„.

Иако математички може да се докаже дека животот на просечниот граѓанин во Германија не поскапел во последниве 45 години, постојано стигнуваат обвинувања за пораст на трошоците. Како доаѓа до тоа:

„Затоа што позитивните пораки генерално се пренатрупани со песимистички ставови„, вели Гриневлад. Зголемувањето на цените останува подолго во сеќавањето, отколку нивното намалување. Така доаѓа до чувство за пораст на инфлацијата.

Што може да се направи против тоа? Статистичарот Шредер:

„Ние најдовме два производа што апсолуто поефтиниле. Тоа се кафето во зрно и пилешкото за печење„. Додека цените на компирите, женските чорапи, машките спортски велосипеди и на бензинот драстично поскапеле, цените на кафето и на пилешкото се помали од кога и да е. Во потрошувачката кошничка, чија цена Шредер ја споредува со децении, рибата и белото месо се единствените производи за кои денес мора да се работи подлго од порано. Добра вест, дури и ако ништо не се менува во чувството дека денес се е поскапо:

„На крајот од годинава не очекува зголемување на данокот на додадена вредност. Тогаш ќе видиме дали сме светски прваци или не во смисла на нерешавање на нашите стари проблеми„.

Гриневалд го користи зборот „сомнеж за поскапувања„. А, токму тоа го носат со себе и потрошувачите на бонскиот пазар. Сонцето свети и покрај се. И, гледано математички, тука се е пофтино од порано.