1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласни ѕидови во тивките вецеа

16 јули 2009

„М + И, Кој е најпривлечно момче од групата што слуша англиски?, Барам дечко!“ се само дел од големите „мудрости“ напишани на ѕидовите во тоалетите. Ова е магистерска тема на студентката Карин на Универзитетот во Бон.

https://p.dw.com/p/IqxU
Фотографија: Katrin Fischer

„Гласни ѕидови на тивки места“ е насловот на изложбата на Карин Фишер, студентка по лингвистика на универзитетот во Бон. Натписите на ѕидовите на тоалетите е токму темата со која се занимавала Фишер при изработката на нејзиниот магистерски труд. Изложбата може да се посети до 20 октомври на универзитетот во Бон. Но, зошто некој воопшто се занимава со натписите на ѕидовите на „вецеата? „Добредојдовте во голем број. Како воопшто дојдов до тоа да пишувам магистерска работа на оваа тема и како воопшто исполнив 160 страници? На почетокот и сама не знаев, но како и секој студент и јас се служам со тоалетот на факултет и кога дојде до тоа да се одбере тема која за која ќе треба да се пишува – веднаш се сетив. А резултатот може да се види сега“, со овие зборови Фишер истовремено ја поздрави бројната публика и објасни како оваа тема станала преокупација за време на нејзините студии.

Кога ѕидовите би можеле да зборуваат...

Sprachwissenschaftlerin Katrin Fischer Fotoausstellung von der Bonner Studentin Katrin Fischer Graffiti an WC Wänden
Авторката на магистерскиот труд „посветен“ на вецеата - Карин ФишерФотографија: DW

Бројни посетители се собраа околу фотографиите на најинтимните графити и детално размислуваа за изреките, кои во женското веце некогаш ги напишале посетителките. „Кој е најпривлечно момче на предметот англиски? Ве молам за совети!" или „Можете овде да дискутирате колку што сакате, но светот и понатаму останува посран каков што е“ – стои на фотографиите. Секому му се случило да чита разни изреки на ѕидовите на тоалетите или, рака на срце, и сам нешто да напишал. Но 31-годишната студентка, Карин Фишер, е прва која почнала да се занимава со оваа тема. „Секогаш бев воодушевена со анонимната комуникација во јавноста, на некој начин лажна приватност. Кога овие графити на ѕидовите би почнале да зборуваат, тогаш тие изјави би требало да се направат погласни и би требало да се погрижиме да бидат и слушнати. Токму поради тоа мојот труд и изложбата се викаат „Гласни ѕидови на тивки места“.

Цензура – нема!

Ausstellung Klo Grafitti Bild 5
Кој што сака може да допише, цензура нема!Фотографија: Katrin Fischer

Фишер не сакала да претстави само збирка на смешни изреки, таа пред се‘ се интересирала за тоа како авторите на тие изреки се носат со анонимноста. Дали се почитувани од другите, го откриваат ли својот идентитет, дали ги кршат табуата? Не постојат никакви норми или цензура, зборува Фишер, така што на ѕидовите може да се напишат политички некоректни и вулгарни работи. Секој може да изврши цензура и да го смени напишаното, во принцип станува збор за чиста анархија, вели таа. Студентката на лингвистика, во својата тема се концентрирала исклучиво на женските тоалети. Но покрај многуте натписи кои се поврзани со машките и трачарењето за нив, постојат и некои интелектуални. „Човек има чувство како понекогаш да се настојува во тоалетот да се доведе култура. На ѕидовите се оставаат површини кои се наменети на пример само за филмски цитати, некој дури и ќе напише дека тој дел е наменет само за тоа. Жените со задоволство дискутираат, видов и една дискусија на ѕидовите која содржеше 60 пораки за вегетаријанскиот живот“, вели Фишер.

Божицата на тоалетите - Клоакина

Ausstellung Klo Grafitti Bild 1
Пораките ретко кога се планирани, заклучува авторкатаФотографија: Suzanne Cords

Писмените пораки на ѕидовите, вратите, капаците на веце школките, и држачите за крпи само во ретки случаи се планирани, вели авторката. Но тие натписи се минливи, бидејќи кога-тогаш ќе бидат избришани. Така што не е познато што пишувале нашите предци по ѕидовите на најинтимните простории. А важно е да се напомене, вели Фишер, дека „веце графитите“ не се новитет: „Кај Римјаните било особено популарно да се оставаат пораки за тоа кој е со кого во љубовна врска. И тогаш се размислувало како ова да се спречи, бидејќи претставува вандализам, па за таа цел била измислена и божица на тоалетите – Клоакина“.

Автор: Сузан Кордс / Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска