1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гладот не е неизбежна судбина и може да се надмине со мудра политика

17 октомври 2007

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер зборуваше пред ФАО на седницата по повод Денот за борба против гладот

https://p.dw.com/p/Brqw
Германскиот сојузен претседател Хорст КелерФотографија: AP

850 милиони луѓе во светот се соочени со глад – во најголем дел во земјите во развој, но 25 милиони од нив се во земјите во подем, а и во развиените земји тој основен егзистенцијален проблем погодува 9 милиони луѓе.

“Големите прашања на човештвото – мир, слодоба, исхрана за сите, право на развој и зачувување на нашата природна околина, во нашиот глобализиран свет можат само заеднички да бидат решени” – нагласи германскиот сојузен претседател Хорст Келер во говорот пред ФАО, Агенцијата на ОН за земјоделство и исхрана. Гладот не е неизбежна судбина и може да се надмине со мудра политика, рече Келер. “Сите луѓе имаат право на здрави, на неговата култура соодветни и постојано произведувани прехранбени средства”.

Келер го пофали самообврзувањето на државите на Африканската Унија на демократија и добро водење на владините работи во рамките на “Новото партнерство за развој на Африка” како средиште на својата борба против гладот. Тоа треба од богатите држави да биде сфатено како понуда за нова форма на соработка. Тежиштето на напорите треба да се стави врз селските региони, каде што и живее најголемиот дел од луѓето што гладуваат. Таму треба да се обезбеди основно снабдување со прехранбени средства, рече германскиот сојузен претседател.

Планерите и оние кои помагаат премногу често реализираат големи проекти на индустријализација, а премалку се полага врз помош за самопомош. И на село почеток на се’ е образование на луѓето. Наместо производството да се ориентира за извоз, во иднина приносите од земјоделството пред се’ треба да бидат во полза на тамошните луѓе. Извозот, пак, мора конечно да наиде на трговски поредок кој е благопријатен за развојот, смета Келер – богатите земји мораат да ги отворат своите земјоделски пазари за увоз од земјите во развој и значително да ги намалат царините на преработените производи.

Хорст Келер нагласи дека предност мора да има зачувувањето и повторното воспоставување на мирот во Африка: “Тоа е можеби најважниот придонес за превентивно сузбивање на гладот. За жал, во ова премногу често потфрлуваат Африка и меѓународната заедница. Едноставно, премногу често има војна и конфликти”.

Грегор Хопе