1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гете, Бах и компани

1 септември 2008

Гете и Бах се дел од него, Фатих Акин и Пина Бауш исто така - германскиот културен живот има долга традиција и голема разноликост.

https://p.dw.com/p/F8Wl
Јохан Волфганг фон Гете

Место - Берлин, кварт - центар на градот, сабота навечер околу 21.00 часот. Низ тесните улици се движат групи луѓе заинтересирани за културата, одат од една уметничка галерија до друга, од вкупно околу 200 колку што постојат во главниот град. Љубителите на културата дискутираат за најновите трендови пиејќи шампањ и црвено вино, стојат пред сликите, се ракуваат.

Германски театар - од традиционално до провокативно

Die kahle Sängerin von Eugène Ionesco
На бината на Театарот на ШифбауердамФотографија: dpa

Оние што немаат интерес за современата уметност, може да одат во театар, на неколку стотици метри оддалеченост оттука. Директно на реката Шпре е „Театарот на Шифбауердам“, кој е сцена на која се играат извонредни театарски продукции. Тука Макс Рајнхард во 1904 година ја инсценираше легенардната продукција на „Сонот на летната ноќ“, а во 1928 година беше изведена „Операта на трите гроша“ од Бертолд Брехт, со музика на Курт Вајл.

Водство и во меѓународни рамки

Deutschland Berlinale Eröffnung mit Gala in Berlin Jury Diane Kruger und Shu Qi
Берлиналето ги привлекува ѕвездите на филмотФотографија: AP

Културниот живот на Германија е богат. Во повеќе од 450 театри се играат над 2.500 различни претстави. Гетеовиот „Фауст“ е исто како и порано омилена претстава на публиката, но на сцената се играат и многу модерни претстави. Сцената на мјузиклот, Хамбург, во последните години се претвори во едно од најзначајните имиња во светски рамки. Берлинскиот филмски фестивал, покрај фестивалите во Кан и Венеција е најважната платформа за меѓународниот филм.

Германска култура со по нешто странско

Претставници на германскиот филм веќе подолго време не се само имиња како Рајнер Вернер Фасбиндер или Фолкер Шлендорф, туку составен дел на германскиот културен живот се и нови таленти како филмаџијата со турско потекло, Фатих Акин. Во Германија живеат повеќе од седум милиони странци, кои го обликуваат секојдневието. Драматурзи од Источна Европа покрај музичари од Јапонија, покрај Гете, Шилер и Бах - тоа е германската култура денеска.