1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците се‘ помалку читаат

20 јануари 2011

Книгата во Германија се‘ уште важи за најдраг подарок. Сепак, една четвртина од Германците никогаш не прочитале ниедна книга, покажа најнова студија на фондацијата „Читање“.

https://p.dw.com/p/zzcg
Книгата не е најомилен другар за многуминаФотографија: picture-alliance / dpa

„Преку читањето влегувате во нов свет, но само тогаш кога правилно ќе го разберете прочитаното, “ вели Симоне Емиг од фондацијата „Читање“.

А тука постои еден проблем: се‘ помалку се чита. Овој начин на откривање нови светови е девалвиран.

Веќе четири години фондацијата „Читање“ од Мајнц објавува годишна студија за читањето. Фактите покажуваат дека децата во земјите во развој од пообразовани семејства подобро читаат. Постои врска меѓу социјалниот статус на родителите и успехот во образованието кај децата, иако не може да се тврди дека тоа е единствениот фактор на успех.

„Голем број Германци радо читаат, но јазот меѓу оние кои тоа со задоволство го прават и оние кои воопшто не читаат, е преголем. Една четвртина од Германците никокогаш не прочитуват ниедна книга. Тоа е проблем кој мора да се решава“, вели Кристоф Шефер од фондацијата „Читање“.

Промена во навиките на читање

Оние кои читаат тоа веќе не го прават заради градење самосвет, заради стекнување поголема индивидуалност, зрелост и контакт со други култури, туку за да дојдат до нови инфорамции. Промените во однесувањето на современите Германци околу читањето се во чекор со промените во другите области, се живее брзо, се конзумира она што е едноставно и до што брзо може да се дојде. Едноставно речено, мониторите во дневните соби ќе се зголемуваат, а полиците со книги се‘ повеќе ќе се намалуваат. Демонизацијата на современите медиуми тука секако не помага:

Symbolbild Lesen
Читањето важи за женска особинаФотографија: bilderbox

„Сосем сигурно дека аудио-книгите и другите електронски медиуми можат да го поттикнат читањето. Од друга страна, тие придонесуваат кон промена на навиките во читањето. Тоа се прилагодува на навиките кои ни се познати од интернет“.

Луѓето денес поинаку работат, возат, живеат и читаат:

„Јасно е дека со години наназад се намалува бројот на оние кои читаат голем број книги. Постои едно силно, но истовремено мало јадро луѓе кои многу читаат. Во таа група спаѓаат три проценти од населението и тој број е доста стабилен. Се забележуваат големи разлики во интензиттеот на читањето. Се‘ помал е бројот на оние кои многу читаат во текот на неделата, се зголемува бројот на граѓаните кои читаат за време на одморот или на викенд. Променет е и начинот на читање. Луѓето читаат преку ред, ја прелистуваат книгата, па повторно се враќаат на некои делови“, вели Симоне Емиг.

Junge Besucher auf der Leipziger Buchmesse 2009 2
Навиката за читање се стекнува во детствотоФотографија: Jodi Breisler

Книгата не е на цена

Време за класиците како „Буденброкови“ или „Војна и мир“ очигледно денеска нема речиси никој. Уште полошо: читањето денес нема добар углед, важи за женска особина. Читањето поттикнува емоционалност, сочувство, интимност и трајност на доживеаното. Тоа се чини се карактеристики кои се непотребни во денешниот начин на живот и во општество кое е се‘ повеќе свртено кон конзумот, типично машки, агресивен начин на пробивање и опстанок и градење кариера.

„Постојат редица податоци кои покажуваат дека возрасните на кои родителите додека биле деца им читале, остануват врзани за книгата многу повеќе од оние на кои во детството не им биле читани книги“, вели Симоне Емиг.

Во фондацијата „Читање“ експертите се обидуваат да ги инспирираат децата и да ги мотивираат родителите на читање. Високото ниво на образование не е апсолутно неопходно за успех во читањето, туку пресудна е поволната клима за читање, комуникативната култура.

Автор: Михаел Келер/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски