1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците признаваат дека Италија беше подобра

Штефан Нестлер / Е.Милошевска Фиданоска29 јуни 2012

Расположението е на нула - германската репрезентација имаше висока цел, но во полуфиналето се прости од Европското првенство. Италија беше подобра и победи со 2:1.

https://p.dw.com/p/15Nxv
Фотографија: AP

Избраниците на Јоахим Лев не успеаја да се пласираат во финалето. Азурите беа подобри, а двата гола за победа ги постигна Марио Балотели. Единствениот гол за Германија од пенал го постигна Месут Езил.

Менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф по натпреварот изјави: „Во кабината е молк. Секој е паднат длабоко во дупка. Верувавме во нашата цел и денеска не успеавме.“

Проклетството да се биде секогаш неуспешен против Италија на големи натпреварувања за Германија останува. Капитенот Филип Лам оценува:

UEFA EURO 2012 Halbfinale Deutschland vs Italien Tor
Марио Балотели - човекот на одлукаФотографија: AP

„Секој пораз е горчлив, пред се‘ кога сте стигнати далеку на турнирот. Тогаш сакате да сте до крај тука. Тоа не ни успеа. Горчливо е зашто нашата екипа има многу повеќе потенцијал. Но кога тој не може да дојде до израз во вистински момент и кога во одредена ситуација не сте доволно паметни, тогаш натпреварот е загубен.“

Сојузниот тренер Јоахим Лев сепак имаше зборови на пофалба за своите играчи. Неговиот биланс гласи:

„Ако малку порано постигневме гол, тогаш и можностите ќе беа поголеми. Но кога Италија води со 2:0 е многу тешко. Тогаш тие затвораат се‘ назад, а имаат и добри играчи за контранапади. Денеска имавме противник кој беше навистина силен.“

UEFA EURO 2012 Halbfinale Deutschland vs Italien Fans
Германските навивачи се разочарани, дел од нив плачеа по натпреваротФотографија: Reuters

Такво мислење дели и италијанскиот играч Рикардо Монтоливо, чија мајка инаку е родена во Германија:

„Мислам дека одигравме супер прво полувреме. Потоа Германците играа во првите 20 минути од второто полувреме. На крајот можевме да победиме и со 3:0.“

Италијанците во недела (01.07) играат во финале против Шпанија. Шпанците во полуфиналето беа подобри од Португалија.