Германците побогати од било кога
24 мај 2012Стабилниот пазар на работна сила се погрижи за високи приходи, гласи образложението на трендот. Лесното опаѓање во третиот квартал од годината на крајот беше надминато. Како приватен имот се сметаат готовинските пари, хартиите од вредност, влоговите во банка, орочени средства или побарувања од осигурувања. Имотот во форма на недвижнини не е содржан во статистиката.
Со исклучок на кризната 2008-ма година и банкротот на Леман банката, Германците веќе една деценија постојано го зголемуваат приватното богатство. Кратко по обединувањето приватното богатство на приватните домаќинства имаше вредност од 1, 751 билион евра. Најголемиот дел од него граѓаните го доверуваат на чување на банките, а потоа доаѓаат осигурувањата.
Паралелно со приватното богатство растат и приватните долгови. Поради пред се‘ нараснатите кредити за станови или куќи тие достигнаа 1,55 билиони евра, што е далеку под државниот долг од речиси 2 билиони евра.