1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците богати како никогаш досега

АТ/ дпа29 јануари 2013

Приватниот имот на Германците се искачи на рекордно ниво. Благодарение на добрата трговија со хартии од вредност: Само добивките од курсот на капиталните пазари се погрижија за плус од 33 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/17TH7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Имотот во пари во привантие домаќинства во Германија во третиот квартал од 2012. година се искачи на рекордни 4,87 илјади милијарди евра. Порастот на имотот за 64 милијарди евра во споредба со вториот квартал значи покачување од 1,3 проценти се вели од централата на германската Бундесбанк во Франкфурт. Во годишна споредба приватниот имот е покачен дури за пет проценти.

Најголема добивка германските граѓани изминатата година постигнаа со инвестиции во хартии од вредност - само на капиталните пазари приватните вложувачи остварија добивка од 33 милијарди евра повеќе од претходнито квартал. На овој начин сопственците на хартии од вредност бележат најголем пораст на имотот, со тенденција за натамошен пораст: германскиот индекст Дакс оттогаш е постојано во пораст.

Порастот на имотот можеше да биде уште поголем. Имено поради несигурност од еврокризата многумина се повлекоа од ризичните форми на влогови. Тие ги одбираат формите на вложување, кои носат помали камати, но се помалку ризични и побрзо достапни.

Во 1993 година приватниот имот во Германија изнесуваше 1,93 илјади милијарди евра, во 2002 изнесуваше 3,51 илјади милијарди евра. Поради меѓународната финансиска криза и европската должничка криза во меѓувреме беше регистриран пад на приватниот имот. Но овие загуби според Бундесбанк веќе одамна се повратени.