Германско-руска железничка фирма
25 јуни 2007Се формира заедничка фирма со 50 насто руско и 50 насто германско учество што треба да го интензивира железничкиот транспорт на стоки меѓу Европа и Русија:
„Мислам дека токму сега железниците можат да играат огромна улога во транспорот на стоки, посебно со оглед на проблемите во екологијата и безбедноста што предизвикуваат загриженост во јавноста„.
Владимир Јакутин, господар на преку 85 илјади километри шини и на милион и 300 илјади вработени е моќен човек во Русија. Неговото име се почесто се наоѓа на листата потенцијални наследници на претседателот Путин. Веќе сега руската железница транспортира 80 проценти од сите стоки во Русија - во тоа не се вброени нафтоводите. Ако така продолжи, смета Медорн, многу бргу е можно зголемување. Меѓу Европа и Русија веќе сега се пренесуваат 300 милиони тони стоки, а само извозот од Германија во првото полугодие порасна за 30 проценти:
„Ова е фифти фифти џоинт венчр фирма со седиште во Москва. Ќе имаме интергриран менаџмент, а допрва треба да решиме кој ќе биде првиот шеф. Но, тоа нема да биде никаков проблем„.
Почетниот капитал ќе изнесува милион евра. Медорн соопштува:
„Нашиот план е во оваа година заедно да траспортираме уште 34 илјади контејнери. Имаме потенцијал ова во наредните години да го удвоиме или тројно да го зголемиме„.
Но, ни тоа не е доволно. Јакунин и Медорн пред очи го имаат кинескиот пазар од кој годинава ќе пристигнат 60 милиони тони стоки:
„Русија е поврзница меѓу Европа и Азија. Руската железница, со нејзината енормна големина и услужни можности, нуди огромна шанса, стоките од автопатиштата да се префрлат на шини што е еколошки поволно и поефтино„.
Подоцна и на Кинезите ќе им се понуди влез во фирмата, зашто траспортот преку шини е многу поефтин од авионскиот, а со 18 до 21 ден, побрз од бродскиот кој трае меѓу 30 и 35 дена.