Германски топ десет
29 март 20101. Lena Meyer-Landrut - Satellite
Во возбудливото финале од шоуто „Нашата ѕвезда за Осло“ не само што се избираше германскиот претставник на Евровизија, туку се избираше и песната. Така Lena Meyer Landrut и Jennifer Braun ги изведоа сингловите Bee и Love Me, а освен тоа секоја од нив испеа и различна верзија на победничката Satellite. Додека Jennifer Braun ја изведе песната во побавна, меланхолична верзија, нејзината конкурентка Lena Meyer Landrut, со својот невообичаен стил и настап, успеа да си ја обезбеди победата и на националниот избор за Евровизија и на овонеделното издание на Германскиот топ десет со малку побрза верзија на песната Satellite.
2. Stromae - Alors On Danse
3. Lena Meyer-Landrut - Bee
4. Lena Meyer-Landrut - Love Me
5. Unheilig - Geboren um zu leben
6. Kesha - Tik Tok
7. Cheryl Cole - Fight For This Love
Новата британска поп-принцеза ја почна својата кариера во бендот Girls Aloud, a на насловните страници од таблоидите заврши благодарение на нејзиниот сопруг, фудбалерот Ashley Cole, кој наводно ја изневерувал на сите страни. Иако по избувнувањето на аферата парот едвај зборувал, сега се појавија шпекулации дека фудбалерот ќе ја искористи празничната атмосфера на Велигден за да побара прошка од својата сопруга.
8. IYAZ - Replay
9. Rihanna - Rude Boy
Се чини дека Rihanna веќе дефинитивно расчисти со траумите од минатото и врската со раперот Chris Brown. Имено, според најновите информации, таа му понудила на своето ново момче, 25 годишниот бејзбол играч Matt Kemp, да се всели заедно со неа во нејзината нова вила во Холивуд. Kemp бил пресреќен поради идејата, а не му пречело ниту тоа што тој и Rihanna се познаваат многу кратко.
10. Jennifer Braun - I Care For You
Иако во битката за претставување на Германија во Осло заврши втора, Jennifer Braun ги освои срцата на германската публика и неделава како новитет влегува директно на местото број десет со I Care For You.
Извор: Мedia control GfK / Трајче Тосев
Редактор: Жана Ацеска