1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски полицајци во Кју Клукс кланот

Волфганг Келер/ Александра Трајковска 11 август 2012

Двајца германски полицајци биле членови на расистичкиот Кју Клукс клан, се откри при истрагата околу неонацистичкото трио НСУ. Членството во кланот не им донесе последици на службениците.

https://p.dw.com/p/15mOT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Новиот член не гледаше ништо повеќе. Неговите придружувачи му ги врзаа очите. Мажот беше воведен во затворена просторија, каде повторно можеше да го симне превезот од очите. Просторијата беше осветлена со свеќи, во средината стоеше дрвен крст. Со жилет за бричење новодојдениот мораше да се боцне на прстот и со капка крв да стави печат врз писмената заклетва на Кју Клукс кланот. Потоа падна на коленици. Тап меч се спушти врз неговите раменици и со тоа заврши бизарниот ритуален прием во кланот.

Оваа сцена е опишана во интерните документи на Службата за заштита на уставот на покрианата Баден Виртемберг. Драматичното е што приемната церемонија на "European White Knights of the Ku Klux Klan" беше опишана од човек кој самиот е полицаец.

Поради аферата за припадност кон Кју Клу кланот на денес 32 и 42 годишните полицајци во 2004. година се водеше истрага од страна на Покраинската служба за заштита на уставот во Штутгарт. Но оттогаш од истрагата ниту збор не продре во јавноста. Тогаш службениците признаа дека во 2001. и 2002. година неколку месеци припаѓале кон групата Кју Клун клан „Европски бели ритери“. Од сопствени побуди потоа истапиле од групата, откако доживеале непријателство кон странците и расистички пароли. Затоа во текот на дисциплинската постапка добија самоукор и до денес непречено може да ја извршуваат својата работа. На големо изненадување на пример на Сојузот на германските криминални службеници, кој бараше отпуштање на полицајците: „Тие не знаеле дека Кју Клус кланот бил расистичка групација? Се прашувам колку глупост или непознавање смее да се крие во еден полициски службеник без притоа да биде отстранет од службата“, изјави претседателот на сојузот, Анре Браун.

Ku Klux Klan Rechtsradikale Nazis NSU Morde USA
Цел на Кју Клукс кланот беше пре се’ потиснување на луѓето со црна боја на кожата во САДФотографија: Getty Images

Врските испливаа во рамките на истрагата околу неноацистичката серија убиства

Службениците во рамките на истрагата изнеле голем број поединости за нивните врски со германската секција на Кју Клу кланот. На пример дека еден од нив во близина на еден замок - урнатина крај малото гратче Швебиш Хал во Баден Виртемберг бил прогласен за рицар. Од актите произлегуваат голем број вакви невообичаени поединости, кои се доставени до истражната комисија на Бундестагот за ненонацистичката серија убиства во Германија. Меѓу нив и резултатите од истрагата за убиената полициска службеничка Мишел Кизеветер во Хајлброн. При разгледувањето било забележано дека двајцата полицајци кои имаат минато во Кју клус кланот биле колеги на службеничката, едниот од нив како водач на нејзината група. Министерството за внатрешни работи на Баден Виртемберг затоа сега проверува стотици полициски службеници во јужна Германија. Освен ова ќе се провери зошто службениците во 2004. година не морале да ја напуштат полицијата.

Ku Klux Klan Rechtsradikale Nazis NSU Morde USA
Цел на Кју Клукс кланот беше пре се’ потиснување на луѓето со црна боја на кожата во САДФотографија: Getty Images

Најавена нова истрага

Вршителот на должност директор на покраинската служба за борба против криминалот Мартин Шац појасни дека дисциплинската постапка била уредно спроведена, но останале некои прашања отворени. Тие ќе бидат повторно отворени, и во поединечни случаи може да доведе до отпуштање од полицијата. Притоа ќе стане збор и за прашањето каква улога имал поранешниот министер за внатрешни работи Хериберт Рех, што предметите никогаш не стигнаа до јавноста. Тие не се појавија ниту во годишните извештаи на Службата за заштита на уставот.

Deutschland Bundesanwaltschaft übernimmt Ermittlungen nach Mord an Polizistin
Двајцата службеници биле колеги на убиената полициска службеничка Мишел КизеветерФотографија: dapd

Во рок од две недели Министерството за внатрешни работи во Штутгарт сака повторно да го отвори дубиозниот случај. Исто така и Истражната комисија на Бунестагот за неонацистичката серија убиства по летната пауза има намера на дневен ред да го постави случајот со Кју Клукс кланот.

Членот на одборот Хартфид Волф појасни дека според досегашните сознанија Комисијата не гледа дека постоела конкретна поврзаност меѓу неонацистичката терористичка група од Цвикау и двајцата службеници, кои биле во Кју Клукс кланот. Сепак Истражната комисија ќе се обиде и ова прашање конкретно да го разјасини. Германското обвинителство отфрли ваква поврзаност. Тие гледаат дека сомнежот за убиство и натаму е кај неонацистичката група од Цвикау.