1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски двоен триумф на триатлонот на Хаваи

17 октомври 2004

На најугледната триатлонска трка во светот, онаа на Хаваи, германските спортисти однесоа побеа како во машка, така и во женска конкуренција

https://p.dw.com/p/Aem1
Фотографија: AP

Норман Штадлер и Нина Крафт со тоа им го донесоа на германските триатлонци најголемиот успех во историјата на оваа тешка дисциплина, што не без причина го носи и името “челични мажи и жени“.

3,8-те км пливање во водите на Тихиот океан за многумина почетници претставуваат прво соочување со големиот и реален страв од ајкули. Потоа следи возење велосиперд и тоа цели 180 км, за на крајот веќе изморените спортисти да ги дочека маратонот од преку 42 км и тоа по врелите полиња со лава на големиот остров на Хаваи. На 33-годишниот Норман Штадлер овој пат му требаа 8 часа и 33 минути, што беа и повеќе од доволни, бидејќи второпласираниот Петер Рајд од Швајцарија, кој е и минатогодишен победник на триатлонот, стаса дури 10 минути и 11 секунди подоцна.

По трката Штадлер изјави:

“Едноставно гигантски и толку многу се радувам на утрешното прогласување на побединиците, кога ќе се искачам на највисокото место. За оваа победа сонувам веќе цели 17 години и сега никој не може да ми го одземе успехот“ - нагласи Штадлер, кој прво неколку минути им даде одишка на солзите радосници во прегратката не неговата сопруга.

И 35-годишната Нина Крафт успеа овој пат да ја остави на второто место трајната ривалка од Швајцарија, Наташа Бадман. Запрашана по трката дали сфаќа што и пошло од рака, таа изјави дека искрено речено уште не и е јасно. Инвестирав толку многу време и труд во подгтовките и сега прво морам да пуштам се да се стивне:

“Денеска беше многу, многу тешко. Мислам дека ова беше најтешката трка во целиот мој живот!“