1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски војници ќе ја бранат Турција

БГ/бета/дпа6 декември 2012

Германската влада денеска го одобри испраќањето на ракетите за против-воздушна заштита „Патриот“ во Турција, заради заштита на оваа земја од евентуални напади од Сирија.

https://p.dw.com/p/16wmh
Фотографија: Getty Images

Министерот за одбрана Томас Де Мезие потврди дека две батерии со 400 војници ќе бидат испратени на период од една година во турско-сириската погранична област под команда на НАТО, иако нивниот престој би можел да биде и пократок.

Одлуката треба да ја потврди германскиот парламент, кој на оваа тема ќе расправа кон средината на месецов, но со сигурност се очекува исходот да биде позитивен. Де Мезие соопшти дека во Турција ќе бидат испратени и две батерии од Холандија и од САД, а во операцијата ќе учествуваат и авионите на НАТО за набљудување- Авакс.

„Сирија има значителна ракетна балистичка способност. Неколку стотини ракети со дострел од 700 километри би можеле да погодат поголем дел од Турција. Сириската влада досега не покажа намера да ги искористи тие потенцијали, но ние сакаме така и да остане“, вели Де Мезие.

Одлуката во истовреме се смета и како предупредување за режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад во период кога САД и западните земји се погласно манифестираат страв дека тој наводно ќе употреби хемиско оружје против сопствените граѓани.

Thomas de Maiziere mit Patriot Raketensystem Archivbild
Томас Де МезиеФотографија: picture-alliance/dpa

Сирија го критикуваше планот на НАТО, но германскиот министер тврди дека ракетите ќе бидат користени само за заштита на турската територија.

Официјални претставници тврдат дека ракетите „Патриот“ ќе бидат така програмирани што нивната единствена задача ќе биде да ги пресретнуваат сириските ракети кои би влегле во турскиот воздушен простор. Во секој случај, за ракетите да пристигнат до Турција ќе биде потребно уште најмалку еден месец, бидејќи поради нивната комплицирана техонологија тие мораат да патуваат по море.