1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски брејн-дрејн

12 март 2007

Во минатата година порасна бројот на Германците што преку сојузната агенција за труд заминаа на работа во странство.

https://p.dw.com/p/AeJ6
Германски иселеник во Тринидад и Тобаго
Германски иселеник во Тринидад и ТобагоФотографија: picture-alliance/dpa

Во странство расте интересот за квалификувана работна сила од Германија. Оттаму, се повеќе Германци, пред се оние што се невработени велат:„Гудбај Џермани“. Бројките што ги претстави Моника Фарнхаген од Централната служба за посредување при работа јасно докажуваат: скоро 14 ипол илјади Германци во минатата година биле испратени во странство, што е за 14 проценти повеќе од лани: „Можеме да констатираме зголемен интерес не само од Европа, туку и од земји надвор од Европа. Исто така, зголемена е готовноста на германските стручни кадри извесно време да заминат во странство и да ја премостат таму својата невработеност и да се доквалификуваат.“

За Германците атрактивни земји за работа се Канада, Нов Зеланд и Австралија. Во рамките на Европа, на врвот на листата се Швајцарија, Австрија, но и Данска. Во споредба со Германија, во овие змеји вработеноста е скоро целосна. Од тие причини и способноста за прием на нова работна сила е добра, вели Грит Чорн од данската служба за посредништво Рамсдал: „Ако ги немавме Германците што сакаа да дојдат во Данска, немаше да имаме толкав скок каков што имаме сега„.

Во Данска се атрактивни и платите: по правило Германците заработуват повеќе. Сеедно дали станува збор за лекар, болничарка, градежник или хотелиер – се бараат сите професионални групи, вели Грит Чорн. Староста воопшто не игра никаква улога„Кај нас староста не е важна. Најстариот кому му озвоможив работно место има 62 години„.

Значи, додека за оние преку 50 години во Германија е скоро невозможно да најдат работа, во странство очигледно ги примаат со раширени раце. Тоа го потврдува и Моника Фарнхаген. 40 проценти од оние за кои во минатата година е посредувано, беа преку 40 години„Скоро 11 проценти од нив беа и преку 50. Посебно за оваа група тоа е мошне важно животно решение – да добијат уште еднаш таква перспектива„.

Патем: меѓу оние што нашле работа во странство се и многумина невработени на подолг период. Но, како што вели, Моника Фарнхаген, помошната работна сила нема никакви шанси. Се бараат образувани и искусни луѓе.