Германските фирми вложиле рекордни суми во истражување
30 декември 2012
Компаниите во Германија длабоко брцнаа во џебовите и за прв пат во една година одделија 50,3 милиjарди евра за истражување и развој. Тоа е повеќе од 7 насто во однос од минатата година.
Здужението на донатори за германската наука го потврди тоа во своето актуелно истражување, за чии потреби испита повеќе од 20.000 компании, наведува др. Андреас Кладроба од ова здружение. Тој истакнува дека поради кризата компаниите штеделе од 2009. година, но и оти одговорните лица во речиси сите економски гранки во меѓувреме сфатиле дека „истражувањето и развојот се инвестиција во иднината, во која не треба да се допира ниту во кризни времиња“. Кладроба додава дека тое е и една од причините зошто Германија толку добро ја пребродува кризата.
Најмногу вложуваат Фолксваген и Дајмлер
Најсилна стопанска гранка во Германија е и ќе остане автомобилската индустрија, во која за истражување и развој се вложуваат околу 16 милијарди евра. Потоа следи електротехниката со 8, машиноградбата со 5, колку што се вложува и во фармацијата, па потоа хемиската индустрија со 3 милијарди евра. Сите тие бранши се силни кога станува збор за извозот.
Од поединечните компании во Германија, Фолксваген е на прво место по вложување во истражување и развој, во кои вложува повеќе од 6 милиони евра. Дајмлер е на второто место пред Сименс. Против ваквиот тренд се само производителите на електрична енергија, кои своите средства за истражување и развој ги намалиле за 4%. Но во Здружението на донатори за германската наука сметаат дека енергетските концерни парите за истражување и развој ги пренасочиле кон изградба на мрежна инфраструктура поради префрлувањето на фокусот на енергетската политика на Германија врз обновливите извори на енергија.
Со истражување до врвни производи
Иако Фолксваген и Сименс вложуваат милијарди во истражување и развој, не треба да се заборават ни средните претпријатија, напоменува Андреас Кладроба: „Тука е цела низа фирми, кои би можеле да се претстават како мали, но вредни компании, во кои се врши врвно истражување и кои последователно на тоа исфрлаат и врвни производи на пазарот.“
Во земја која е сиромашна со одредени суровини барани на светскиот пазар, како што е Германија, многу се важни иновациите и развојот на производите. Андреас Кладроба смета дека, водејќи се по тој принцип, компаниите и натаму значително ќе вложуваат во истражување и развој.