1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските ученици се подобри, но далеку од врвот!

7 декември 2010

Најновата ПИЗА студија покажа позитивно поместување кај германските ученици. Меѓутоа дистанцата мегу средниот „ред” во кој се наоѓаат тие и водечката гарнитура е се’ уште голема.

https://p.dw.com/p/QRcd
Во Берлин презентирана најновата студијаФотографија: picture alliance/dpa

По шокот за германскиот образовен систем што пред деценија го предизвикаа резултатите од студијата ПИЗА, најновата проверка покажа подобрување на успехот на учениците. Лани во три „дисциплини”: читање, математика и природни науки беа тестирани 470.000 ученици од 65 земји од светот , меѓу кои и 4.979 од Германија. И покрај тоа што компетентноста во читањето кај 15 - годишните ученици е подобрена, како соопштија претставниците на ОЕЦД во Берлин, Германија и натаму е некаде во средината, а во математиката и природните науки забележани се резултати над просекот на ОЕЦД.

„Германија воскресна! Воскресна од втората - во првата лига. Но, од Лигата на шампионите е се’ уште далеку. На резервната клупа седат премногу таленти кои не добиле вистинска шанса. Значи не е се’ во тренингот, туку во развивањето на тимскиот дух и поврзаноста, во интеграцијата”. Вака Хајно фон Мејер, прв човек на берлинското биро на ОЕЦД пластично ги оквалификува резултатите од најновата ПИЗА студија во која германските ученици на меѓународно ниво полека се израмнуваат со останатите, но се далеку од најдобрите.

Pisa-Studie Berlin Deutschland PK Heino von Meyer
Германските ученици се уште далеку од најдобрите. Хајно фон МејерФотографија: picture alliance/dpa

Подобрен успехот кај мигрантите

Во дисциплината читање, разбирање и интерпретација на текст е забележано подобрување со што германските ученици се израмнија со своите врсници од САД, Шведска, Франција и Велика Британија, но и натаму остануваат огромните разлики со водечките Кореа, Финска, Канада и Јапонија. Инаку уште еднаш се потврди дека девојчињата се подобри во оваа дисципина од момчињата. Подобрувањето во читањето и разбирањето е кај групата ученици со мигрантско потекло за што Екард Клиеме, од Германскиот институт за меѓународно педагошко истражување, подвлекува дека станува збор за силен напредок, големо израмнување и поддршка на оние со слаб успех во германскиот образовен систем. Подобрувањата во читањето можело статистички да се евидентира единствено кај младите со мигрантско потекло. Во оваа група подобрување е за 26 поени. За споредба: кај учениците без мигранстко потекло подобрувањето е за само 6 поени.

Во природните науки пред Германија се осум држави: Финска, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Канада, Естонија, Австралија и Холандија. Подобри математичари, пак, од германските ученици се оние од Јужна Кореја, Финска, Швајцарија, Јапонија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Белгија и Австралија.

Pisa Studie 2010
Најголемо подобрување во читањето кај децата со мигрантско потеклоФотографија: picture-alliance/dpa

Квалитетна промена на наставата

Позитивното поместување според експерите е резултат на промените во образовниот систем во последнава деценија кои биле доследни и континуирани.

„Квалитетот на наставата е подобрен. Учениците се подобро поддржани од своите наставници и тоа е добар индикатор за квалитетот на образованието", забележа Клиеме, чија теза ја потврди и министерката за образование Анете Шаван според која подобрувањето во образованието не е причина сега да се седи со скрстени раце. И натаму треба да се работи на подобрување на професионалните шанси на младите.Целта е да биде уште подобро. Да се овозможи секој ученик да го заврши училиштето и потоа да има напредок во натамошното образование и професијата.

Инаку најдобри резултати според Студијата ПИЗА без конкуренција имаат учениците од регионот на Шангај во Кина, а на дното константно и повторно е Киргистан.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски