Германските машиновозачи се за штрајк
6 август 2007Реклама
Синдикатот на германските машиновозачи со големо мнозинство ја поддржа одлуката за најавениот штрајк. Над 95% од членството денеска гласале за нов прекин на работата кој треба да започне в среда. Машиновозачите бараат зголемување на платите од 31%.
Раководството на Германски железници го одбива ова барање. Владата во Берлин е оптимист и се надева дека ќе се пронајде решение и нема да дојде до штрајк.