1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските концерни плаќаат премалку данок

ЕМФ/дпа/дв28 мај 2013

Германските концерни, според извештај на весникот „Велт“, годишно штедат милијарди евра што би морало да ги платат како данок, затоа што прикажуваат помалку добивка или добивката ја префрлаат во странство.

https://p.dw.com/p/18fR3
Фотографија: Fotolia/m.schuckart

Меѓу докажаниот профит што го оствариле германските концерни и оданочените добивки, според она што го утврдиле економските истражувачи од Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ) во Берлин, има дупка од 92 милијарди евра, пишува весникот „Велт“. Последните собрани и анализирани податоци се од 2008 година. „Ако нашата прoценка е точна, германските претпријатија во периодот од 2001 до 2008 година платиле само околу 21% данок на своите добивки, или значително помалку од она што е предвидено со закон“, го цитира „Велт“ Штефан Бах, експерт за данок во ДИВ. „Тоа укажува на ослободување од данок, даночни поволности или други можности кои систематски водат до значително намален износ кој се оданочува“, нагласува Бах.

Американските концерни Епл, Амазон, Гугл и Старбакс неодамна беа предмет на критика поради тоа што плаќаат прамалку данок. Американски политичари, на пример, го обвинија компјутерскиот концер Епл дека преку ирска фирма-ќерка избегнува повисоки давачки во САД.