1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот тим во реклами како никогаш до сега

Камила Јарзин / Александар Методијев28 јуни 2012

На германската фудбалска репрезентација не само што и‘ оди добро на спортски план, туку и на економски. Единаесетката на Јоахим Лев е брилијантна. Германскиот тим никогаш до сега не беше толку комерцијализиран.

https://p.dw.com/p/15Iwv
Фотографија: Reuters

Борци, победници, херои – така се претставени фудбалерите во рекламите. Дали на билборд или, пак, во телевизиска реклама – ниту еден рекламен објект не е толку популарен на годинешното Европско фудбалско првенство како што е германскиот национален фудбалски тим.

„Ваков рејтинг, каков што во моментов има националниот тим, немало никогаш. Моментално сме во фаза во која ги придвижуваме луѓето“, вели Томас Милер, член на германската фудбалска репрезентација.

Атрактивниот фудбал ги прави омилени репрезентативците меѓу поддржувачите. Менаџерот на тимот Оливер Бирхоф има задача да ги направи омилени и меѓу спонзорите.

Oliver Bierhoff
Оливер Бирхов, менаџер на германската национална фудбалска селекцијаФотографија: dapd

Во 2004-та година, под водство на националниот тренер Јирген Клинсман, херојот од Европското првенство во 96-тата ја презема таа работа. Бирхоф го знае маркетиншкиот потенцијал на единаесеттемина од репрезентацијата.

„Тие имаат победнички менталитет и многумина од нив веќе го покажаа во младинската репрезентација, со која станаа европски прваци. Тоа е многу позитивно – млади играчи со насмевка на лицето“, вели Оливер Бирхоф, менаџерот на германската фудбалска репрезентација.

Тоа се однесува и на општествената ангажираност, како во една телевизиска реклама за интеграција - Германски фудбалски сојуз: повеќе интеграција!

EURO 2012 Fußball Deutschland Portugal Public Viewing Bonn
Фановите ги купуваат дресовите на германската фудбалска репрезентација. Пред големи првенства 1,2 милиони потрошувачи купуваат дресови.Фотографија: DW

Германскиот фудбалски сојуз заработува 100 милиони евра годишно, а тоа е повеќе од кога било претходно. Меѓу другото, тоа се прави и со продажба на националните дресови. На турнири како Европското фудбалско првенство има и по 1,2 милиони потрошувачи.

Националниот фудбалски тим од секогаш брилјираше и надвор од терените. Но, само одредени играчи, како Михаел Балак, станаа препознатливо лице на репрезентацијата.

Бирхоф тоа постепено го промени и сега целиот тим е бренд. Целта е да се освои титулата европски шампион. А, за рекламните икони има уште неколку меча до сонот – да застанат на врвот, како во рекламите.