1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот парламент го изгласа буџетот за 2004-та

28 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSV

По четиридневна дебата, денеска Бундестагот го усвои буџетот на Германија за 2004-та година. Опозицијата го смета буџетот за противуставен и го нарече најнесериозен во историјата на Сојузната република. Таа ноќеска се договори со своето мнозинство во Бундесратот на 19-ти декември да го одбие буџетот и да го префрли во одборот за посредување.

Генералниот секретар на опозиционата ЦДУ, Лоренц Мајер констатираше: "Оваа недела уште еднаш покажа - секој нов месец на власт на сојузната влада е загубен месец за Германија." Министерот за финансии, Ханс Ајхел, ги отфрли обвинувањата дека буџетот е противуставен. Новото задолжување е неопходно за да се даде поттик за пораст за наредната година, рече тој и додаде: "Жално е што после неколку месеци од објавувањето на Агендата 2010, која од страна на Меѓународниот монетарен фонд е окарактеризирана како вистински начин да се излезе од слабостите во конјуктурата, во Германија сеуште не е јасно дали таа ќе доведе до посакуваните цели или не."