1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот извоз цути!

21 октомври 2004

Германија останува светски првак во делот на извозот. Сојузот на германската надворешна трговија смета дека во 2004 година, надворешнаат трговија ќе забележи нов рекорден пораст од 158 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/AePz
Фотографија: AP

Германскиот удел во светскиот пазар, кој во 2003 година изнесуваше 10,3%, ќе се стабилизира и натаму. Претседателот на Сојузот на германската надворешна трговија, Антон Бернер, вели дека е тоа голем успех, со голед на огромниот пораст што го бележи Кина. Сојузот смета извозот во оваа година ќе се зголеми за 9,5% и е изнесува 725 милијарди евра. Увозот, наспроти тоа , ќе порасне за 6,5%.

Поситивно за германската надворешна трговија е огромниот поѕитивен развој на пазарите во Источна Европа и Аџија. Трговијата со централноисточна Европа расте надпропроционално. Герм,анскиот извоз во тој регион пораснал за цели 14% само во првата половина од оваа година. Исто така, огромен пораст има и извозот за Кина, кој се зголемил за 27%. Цути и бизнисот со Русија.

Во 2004 година, вели Бернер, бруто домашниот производ ќе порасне за само 1,8%. Тоа, спроед него се должи на слабиот развој на домашното стопанство, особено градежништвото, како и намалената потрошувачка, а освен тоа, се смета и со драстично зголемување на нафтата на светските пазари на над 40 долари по барел.