1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска поп-декада

1 јануари 2010

Изминатава деценија беше деценија на германската поп-музика. Германските изведувачи се покажаа како иновативни, но и меѓународно успешни, а пеењето на мајчиниот јазик веќе стана нешто што се подразбира само по себе.

https://p.dw.com/p/LID4
Фотографија: c/o pop / Janette Beckman
CD Cover Wir sind Helden Die Reklamation

Во 2001 година се случи нешто во германскиот музички пејзаж, за што ретко кој веруваше дека е возможно: реге и даб музика од германско производство. Покрај Gentleman и Patrice, бендот Seeed спаѓа меѓу најуспешните и најпопуларни претставници на овој музички правец.

Уште еден од бендовите што оставија белег во изминативе десет години е Wir sind Helden. Доаѓаат од Берлин, а нивната музика може да се опише како спој од новиот германски бран и духовити текстови. Иако бендот никогаш не успеа да се искачи на првото место на топ-листите, нивниот албум од 2002 година, Die Reklamation, во првата година од продажбата се продаде во осумстотини илјади примероци.

Coca Cola Live Summer Song - Rome
Фронтменот на Tokio Hotel, Bill KaulitzФотографија: picture alliance / abaca

При осврнувањето на музичките трендови и хитови што ја одбележаа минатата деценија, не можеме да ги изоставиме Tokio Hotel. Со одвај тринаесет години членовите на бендот веќе имаа потпишано договор со голема издавачка куќа и оттогаш секој нивни сингл е меѓу најдобрите десет, а секој албум се искачува директно на првото место на најпродавани албуми.

Најголемото изненадување и вистинската соул-плоча

Оваа деценија најголемото изненадување на германсакта музичка сцена беше Jan Delay. Кариерата ја почна во бендот Absoulut Beginners, за потоа да продолжи соло и да ја извади најдобрата денс-плоча што Германија ја видела во последниве години.

И додека Јan Delay ја издаде најдобрата денс-плоча, бендот Söhne Mannheims во изминативе десет години издаде еден албум, кој многумина го означија како единствениот вистински соул-албум во Германија. Бендот е основан од познатиот германски пејач Xavier Naidoo, а во него членуваат дваесетина други пејачи, музичари и продуценти, кои во 2000 година го издадоа албумот Zion.

Bildkombo Deutscher Rock und Pop Bands
Jan Delay, Silbermond, Peter Fox, Roger Cicero, Clueso, Rammstein, Toten Hosen, Tokio Hotel

Се разбира дека во првите десет години од новиот милениум од Берлин дојде и голема мера комерцијална музика. Меѓутоа, во главниот град се собираат и многу музичари, кои се подготвени на музички експерименти. Таков е, на пример, бендот Stereo Total, кој во изминативе десетина години го имаа хитот Tanzen im Viereck.

Изборот од германската музичка продукција во изминативе десет години можете да го слушнете подолу!

Автор: Ули Хосе Андерс / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска