1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска златна треска

22 февруари 2006

Германските спортисти и вчера на зимската олимпијада во Торино ја продолжија жетвата златни медали. Во купот на шампионите Баерн синоќа со половичен успех против Милан:

https://p.dw.com/p/AejJ
Германските бијатлонци се закитија со злтаен медал
Германските бијатлонци се закитија со злтаен медалФотографија: AP

Миахел Грајс како последен во бијатлонската штафета 4 пати по 7 ипол километри влезе на целта со развеано германско знаме. Со извонредната победа бијатлонците ја продолжија златната треска во Сан Сикарио: Рико Грос, Михаел Реш, Свен Фишер и Михаел Грајс стигнаа убедливо први пред штафетите на Русија и Франција. Последниот во штафетата Грајс:

„Се разбира дека сум премногу среќен, секако и поради тоа што заврши напнатоста. Ова беше трка од соништата и токму тоа го посакував„.

Второто злато за Германија го освоија натпреварувачките во боб-двосед Сандра Киријазис и кочничарката Ања Шнајдерхајнце. Пилотката Киријазис пред четири години во Лејк Плесид беше сребрена, сега е златна:

„За ова сонува секое дете, денеска сум големо дете„!

Во фудбалскиот куп на шампионите синоќа се одиграа првите натпревари од осмина-финалето. Баерн од Минхен со половичен резултат против Милан – 1 спрема 1. Тренерот Феликс Магат:

„Решавачки беше погрешно досудениот пенал по 10 минути од второто полувреме. Толку неоправданото решение на судијата веднаш го исфрли тимот од ритам„.

Инаку, головите ги постигнаа: за Баерн Балак, Шевченко за Милан.

Во другите синоќешни натпревари се постигнати следниве резултати: Бенфика – Ливерпул 1 спрема 0; Реал – Арсенал 0 спрема 1 и ПСВ Ајндовен – Олимпик Лион 0 спрема 1. Вечер играат:

Челзи – Барселона, Ренџерс – Виљареал, Бремен – Јувентус и Ајакс – Интер.