1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската опозиција бара брзо дефинирање на статусот на Косово

Силвера Падори22 март 2007

Германската опозиција - либералите и Партијата на Зелените во Бундестагот беа уште еднаш истомисленици за Косово. Статусот доволно се чекаше и натаму не смее да има одолговлекувања. Партијата на левиицата, пак, иако инсистира на европската перспектива на целиот Балкан, смета е со поинаков став.

https://p.dw.com/p/AbyK
Фотографија: AP

“Мора да се каже дека планот на Ахтисари се оддалечува од Резолуцијата 1244 со која решението за покраината се бара во територијалните граници на Србија. Не сме слепи. Гледаме за што се работи. Ако Косово добие независност, нема да трае долго и НАТО ќе се најде таму’, вели Моника Кноке од Партијата на Левицата, околу предлогот на нејзината пратеничка група за Косово поднесен до Бундестагот. Останатите претставници на опозицијата сметаат дека одолговлекувањето на статусното решение не е во интерес ни на Србија, ниту, пак на косовските Албанци.

Писмено дополнување за разврската на статусот на Косово, по завчерашната расправа во Комисијата за надворешни работи, синоќа во Бундестагот даде и Партијата на Зелените: “Нема повеќе смисол да се чека! Одлуката мора да биде донесена. Со тоа и Косово и Србија ќе треба да се зафатат за задачите кои им престојат. А, тоа се европските перспективи“, изјави Мари Луизе Бек околу ставот на Зелените во однос на решавањето на статусот на Косово. Според неја решението мора да се донесе во Советот за безбедност и тоа што поскоро. Иако во Контакт групата Русија учествуваше при донесувањето на сите одлуки, Бек не ја исклучува можноста Русија да го одложи решението за статусот на Косово во Советот за безбеност. И, тоа би било проблем.

Со ова се согласува и либералот, Рајнер Штинер, кој не исклучува дека за Русија, токму Косово може да биде адут во Советот за безбедност. Па преку Косово, Русија да се испазари за други работи што и‘ се значајни.“Мора значи превентивно да се разработи план Б - што ќе се случи доколку во Советот за безбедност не падне одлука за статусот на Косово. Во тој случај би имало закани за заедничката надворепшна и безбедносна политика на ЕУ. И тоа во случаујот Косово еднострано да ја прогласи својата независност, а некои држави билатерално го признаат. Токму затоа е важно Европа во случајот на статусот на Косово да биде едногласна“ предупреди либералот Рајнер Штинер.