1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската канцеларка во посета на Етиопија

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmVF

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика Европејците да се ангажираат повеќе во Африка. Европа мора да направи повеќе, изјави Меркел по разговорите со етиопскиот премиер, Мелес Зенави, во Адис Абеба.Меркел најави дека има намера во текот на разговорите со државното раководство на Етиопија да го отвори и прашањето на почитување на човековите права. По средбите со етиопското раководство, Меркел ќе има средба со претставници на Африканската унија. Етиопија е прва станица од турнејата на германската канцеларка во Африка. Таа потоа патува во Јужноафриканската Република и во Либерија.