Германската влада усвои мерки за спроведување на интеграцијата
11 јули 2007Реклама
Еден ден пред почеткот на вториот самит за интеграција кај канцеларот Ангела Меркел кабинетот усвои мерки кои треба да се спроведат на покраинско и национално ниво за да се изведе планот за интеграција. Предвидени се 150 конкретни чекори и обврски. Кон ова припаѓаат курсевите за интеграција и подобри шанси за интеграција на младите од доселеничките семејства. Претходно неколку турски здруженија го откажаа учеството на самитот за интеграција.