1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада одлучи за ангажман во Мали

АТ/ дпа/ афп19 февруари 2013

Германската влада донесе одлука за учеството на до 330 војници во мисијата на ЕУ во западно-африканската кризна држава Мали.

https://p.dw.com/p/17gs6
Фотографија: picture alliance / dpa

За планираната мисија за обука на ЕУ германската влада ќе стави на располагање 180 војници. 150 натамошни војници се предвидени за ангажман со транспортни возила и авиони за точење бензин, со што би требало да се поддржи француско-африканската офанзива против исламистичките бунтовници. Борбен ангжман на германските војници и натаму не се планира. Во петок Бундестагот треба да одржи прво соведувања за двата мандати.

Бундесеверот повеќе недели веќе пружа логистичка поддршка во Мали.

Ангажманот на инструкторите, кои треба да обучат лица од армијата на Мали како се деактивираат експлозивни направи треба да почне најдоцна во април. ЕУ сака да испрати во Мали вкупно 450 воени инструктори и други војници за да се оспособи армијата на Мали за можен ангажман против исламистичките екстремисти.

Портпаролот за одбранбени прашања на германските либерали, Елке Хоф ја критикуваше политиката кон Мали на меѓународната заедница. „Недостасуваат полициски инструктори“, изјави таа за весникот „Рајнише Пост“. Ниту војничката тренинг мисија, ниту интервенцијата на западно-африканските војници ќе го остранат „основното зло во регионот“. Откако ги посети соседните држави на Мали, Хоф информира дека главен проблем се недостиг на гранични контроли, наплив на оружје како на пример од либиските резерви како и брзото зголемување на трговијата со дрога. „Од тоа профитираат криминалните и исламистичко-терористичките структури“, смета Хоф.