1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија-Јапонија 2:2

31 мај 2006

Фудбалската репрезентација на Германија на претпоследниот контролен меч пред светското првенство, синоќа во Леверкузен против Јапонија одигра нерешено 2:2. Избраниците на Клинсман во последната четвртина од натпреварот успеаа да се вратат во игра и да останат непоразени

https://p.dw.com/p/AeiZ
Фотографија: AP

Јапонија дојде во водство со головите на довчерашниот играч на бундеслигашот Хамбургер, Наохиро Такахара, кој на двапати во второто полувреме реагираше одлично и во 65 минута обезбеди солидна предност за неговиот тим. Германија во 76 минута намали преку Мирослав Клозе. Израмнувањето дојде четири минути подоцна кога по еден одлуично изведен удар Бастуијан Швајнштајгер беше највисок во шеснаесетникот и со глава стрелаше прецизно

Повратникот во тимот Михаел Балак, кој се опорави по лесната повреда, по натпреварот изјави

„Тешко е, се наоѓаме на средина од подготовките и тоа беше забележливо. Јас самиот имав малку тешки нозе. Многу тешко фативме ритам недостасуваше брзина тука јапонците секогаш беа за влакно пред нас. Ние не влеговме вистински во двобој па не можевме да вршиме притисок во нападот„

Селекторот Клинсман на прашањето дали по израмнувањето на резултатот почвствувал олеснување изјави:

„ Да, но што значи олеснување? Се разбира дека се чувствувам подобро кога усоеавме да изедначиме по водството на противникот па можеби дури можевме и да победиме, но од друга страна и да завршеше два еден за Јапонија тоа ќе не копкаше но нема да преставува проблем. За нас ова беше многу важен тест„

Во меѓувреме тренерот на актуелниот светски првак Бразил, Карлос Алберто Парера смета дека германскиот тим важи за најголем фаворит на првенството:

„Германскиот тим важи за фаворит ја има предноста на домашниот терен но и традцијата на германскиот фудбал. Германија исто како Бразил има седум финалиња и три последователни настапи во финални натпревари. Германија исто така има позитивна историја и со предноста што ја има на домашниот терен екипата несомнено ќе напредува и за мнгоу противници ќе биде витински непријатна„ рече Парера

Во петок избраниците на Клинсман го имаат последниот тест против Колумбија, пред премиерниот настап на Мундијалот против репрезентацијата на Костарика