Германија чекор напред
26 јануари 2007Реклама
Предводена од извонредниот голман Хенинг Фриц кој беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот, германската ракометна репрезентација како домаќин, и натаму може да сонува за висок пласман на светското првенство. Тимот на сојзуниот тренер Хајнер Бранд убедливо ја совлада екипата на Тунис. Капитенот Маркус Баур посебно ја истакна играта на голманот Фриц:
„Му даваме чувство дека е важен како и секој од нас, плус уште нешто што веројатно му помогна. Но, што е тоа ќе раскажам другпат„
Во наредните два натпаревара против фаворитот на првенството Франција и непредвидливот Исланд, на Германците им е потребна една победа за место меѓу првите четири во групата и пласман во четвртфиналето.