1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – тероризам

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdUs

Германскиот министер за внатрешни рабпти Волфганг Шојбле и неговите ресорни колеги од 16-те покраински влади денеска во Берлин разговараат за натамошните чекори во борбата против тероризмот. Во центарот на вниманието е предлогот на Шојбле за легализирање на шпиунирањето на приватните компјутери преку интернет. Поддршка за него Шојбле доби од актуелниот претседавач со Конференцијата на министрите за внатрешни работи на покраините Ерхард Кертинг. Кертинг при тоа нагласи дека мора да биде обезбедена и приватноста на граѓаните. За втората иницијатива, веќе обуката во терористички кампови да се прогласи за кривично дело, Шојбле доби поддршка и од помалиот коалиционен партнер во владата, социјалдемократската партија, како и од Централниот совет на муслиманите во Германија.