Германија – тероризам – апсења
5 септември 2007Реклама
Германските сили за безбедност уапсија три лица осомничени дека подготвувале бомбашки напади. Цел на атентатите требало да бидат меѓународниот аеродром во Франкфурт на Мајна и американската воена база во Рамштајн. Според непотврдени информации, двајца од уапсените имаат германски пасош, а третото лице е пакистански државјанин. Во првичната изјава утринава министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг посочи дека постоела непосредна закана по безбедноста. Повеќе детали за рацијата ќе соопшти Државниот обвинител на прес-конференцијата што требаше да почне во овие моменти.