1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија стартуваше со победа

16 јуни 2005

Германската фудбалска репрезентација во првиот натпревар на купот на конфедерациите, синоќа во Франкфурт со тешки маки ја совлада Австралија со 4 спрема 3. Во другиот натпревар од групата „А„ Аргентина во Келн беше подобра од Тунис и славеше победа од 2 спрема 1.

https://p.dw.com/p/Aeku
Германската екипа на тренинг
Германската екипа на тренингФотографија: AP

Головите за Германија ги постигнаа Курањи, Мертесакер, Балак и Подолски. Проблем не беше нападот, туку несигурноста на одбраната,за што сојузниот тренер Јирген Клинсман изјави:

„Секако дека нервира, но тоа сега не е тема. Порадо би победиле со 4 спрема 1, отколку со 4 спрема 3, но и тоа спаѓа во процесот. Сепак, по натпреваорт на екипата и реков дека ги освоивме првите три бода и тоа сега обезбедува малку сигурност што и е потребна на оваа многу млада екипа за да добие самодоверба. Затоа веднаш гледаме напред„.

Капитенот Михаел Балак кој беше стрелец на третиот гол од пенал, но и самиот не покажа особена игра, смета:

„Основа за успех е да не се прими гол. Тоа е така на турнир, зашто во спротивно е тешко. Значи ако повторно се примаат толку многу голови, сигурно ќе имаме големи проблеми„.

За разлика од машката репрезентација, женската убедливо стигна до финалето на Европското првенство што се игра во Англија. Во полуфиналето, германските репрезентативки ја совладаа селекцијата на Финска со 4 спрема 1. Наводно им помогнало суеверието. Во автобусот на екипата на пат кон стадионот постојано се слуша иста песна на групата Статус кво.Сојузната селекторка Тина Тојне-Мајер на таа забелешка одговара:

„Се разбира потта го прави своето, посебно кога екипата игра компактно. Значи не сме суеверни, туку само добро играме„.