1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија сака да воведе патарина и за лесни возила

17 мај 2004

По резилот на германскот министерство за сообраќај со неуспешниот старт на патарината за тешки товарни возила, министерот Манфред Штолпе, со нов предлог – воведување патарина и за лесни патнички возила. Тој тврди дека државата не може сама да ги одржува автопатите и дека е потребно нивно приватизирање. Еден предлог и бура реакции.

https://p.dw.com/p/AeRD
Наскоро патарина?
Наскоро патарина?Фотографија: AP

Министерот за сообраќај, Манфред Штолпе, нема намера да воведе патарина на сите автопати во земјата, туку само на дел од нив. За утринската програма на АРД, тој денеска изјави дека бројот на сообраќајници со патарина ќе изнесува од 12 до 16. Со оглед на празните јавни каси, корисниците на патиштата, преку приватизирање на автопатите, ќе мораат да учествуваат со поголем паричен износ.

”Можам само да кажам дека она што итно ни е потребно, мора да биде и направено. Тоа значи, на линиите за кои сум јас одговорен, и автопатите каде што постојано има огромни колони, и каде економските штети се големи, мора да се обновува и гради.”

Политичарите кои се занимаваат со прашања на сообраќајот и сообраќајните здруженија жестоко ја критикуваат идејата за воведување патарина. Дирк Фишер, од опозиционата Христијанско-демократската унија, изјави дека со оглед на високите даноци на бензинот, возачите не смеат да се оптоварат и со патарина. Експертот на зелените, Алберт Шмит, смета дека патарината е бесмислена и неспроведлива. Во Германија веќе има една патарина, што се вика еко данок и данок на минерални масла.

”Хановерише алгемајне цајтунг” идејата на Штолпе ја прокоментира со зборовите: ”Постоечките автопати се финансирани со пари од даночните обврзници. Патарина за автомобилите би била исто како кога сопственик на уќа, кој тешко ја заработил, би морал под казна за нејзе уште да плаќа и кирија. Предлозите се вклопуваат во сликата на беспомошност на власта.”