1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Проблеми на работа? Што да сторите?

Панајотис Купаранис/Александар Методијев10 октомври 2012

Сите работници мораат еднакво да бидат третирани – овој основен принцип се применува и во Германија. Но, работниците од новите ЕУ земји искусуваат дека тоа секогаш за нив не важи.

https://p.dw.com/p/16LyM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Агенција за вработување и‘ вети на Каролина дека таа ќе дојде во добра фамилија во Хановер. Тоа што таа зборува само полски – не е важно, бидејќи старата дама, за која таа треба да се грижи, има деменција. Од 18 часот таа би била слободна, а во секој случај и за викендите.

По три месеци Каролина е на крајот на своите сили. Наместо ветените 40 часови неделно, таа е одговорна за негата на старата дама 24 часа дневно. Таа е платена како нормално вработена. Една навидум безизлезна ситуација. Каролина најрадо би ја напуштила работата, но таа пристигна во Германија, бидејќи итно и’ се потребни пари.

Барање совет колку што е можно побрзо

Каролина не е сосема беспомошна. Таа на пример би можела да си ги бара правата пред суд, дури и ако таа работела за фамилијата без т.н. сертификат за испраќање – официјално посредување со некого во татковината на домицилната компанија. Но, не мора толку далеку да се стаса, вели Силвија Тим. Оваа жена родум од Полска работи во Берлин во советодавен центар, кој се финансира од синдикалниот проект „Фер мобилност“. Нејзината задача е на работниците од средно и источноевропските ЕУ земји да им ги разјасни нивните права и да им овозможи конкретна помош.

Во случајот на Каролина, Силвија Тим ќе се обиде да стапи во контакт со германското семејство за со него да зборува за настанатата ситуација. Секако дека би било подобро доколку Каролина и’ се јавела уште на почетокот. Тогаш би можело од почеток да се разјасни со сите засегнати страни што дозволува, а што не, германскиот закон за работни односи.

„Но, најголемиот дел жени доаѓаат тогаш кога ќе ескалираат проблемите. Често тогаш е предоцна за посредување“, вели Тим. Резултатот е што вработената го напушти семејството каде работеше, но таа барем ја доби својата заслужена плата.

Studie Millionen arbeiten für niedrige Löhne
Една куќна помошничка ја покажува својата заработувачка од 3,2 евра од час. Таа е фотографирана на почетокот од 2007-ма годинаФотографија: picture alliance/dpa

„Откако ќе се случат проблемите веднаш се бара помош“, ова исто така го нагласуваат и Михаи Балан од Франкфурт и Јохен Емтен во Хамбург. Тие се соодветните советници во канцелариите на „Фер мобилност“ во овие градови. Додека во Берлин таа главно се грижи за работниците кои работат во старечки домови, болници или како негуватели во домаќинствата, советодавната агенција со седиште во Франкфурт се специјализираше за градежната индустрија и за чистењето згради, а во Хамбург за гастрономијата и за кланиците.

Дампинг плати и фиктивно самовработување

Дупките во законот се познати за синдикалните консултанти. Омилена пракса, како што вели Јохен Емптен, е германските кланици да склучуваат договори со кооперанти во Бугарија, Полска, Романија или пак во Унгарија. Тие потоа го испраќаат својот персонал да го спроведе тој договор. Затоа оваа бранша во Германија не заработува просечна плата, бидејќи е договорено дека платите се сметаат според земјата на потекло на подизведувачот.

„Со ова се прави обид платите да се притиснат надолу и вработените да се остават да работат неплатено прекувремено“, објаснува Емптен. Потоа се достигнува точката до која важи германскиот закон за работни односи, а по која оваа пракса е забранета. Во договор со вработените, советникот од „Фер мобилност“ или комуницира со кланицата, ги вклучува властите или, пак, на вработените им обезбедува адвокат за да добијат пари за прекувремените работни часови.

Polnischer Bauarbeiter auf Baustelle in Deutschland Einwanderung Zuwanderung Einwanderer Lohndumping
Полски работник фотографиран на градилиште во Германија. Тој работи за 7,5 евра од часФотографија: picture-alliance/dpa

Слични проблеми познава и родениот Романец Михаи Балан и во градежната индустрија. За тука да се примени минималната плата странските подизведувачи почнаа да вработуваат свои луѓе како фиктивно самовработување.

„На мнозинството од нив договорот им се претставува на германски јазик, кој тие имено не го разбираат, но го потпишуваат, бидејќи тие зависат од овие пари“, вели Балан. Се работи за регистрација за работа при која се заработува месечно во висина од околу 2.800 евра. Во стварноста тие ќе добијат најмногу 1.000 евра мрсечно.

„Немам сретнато романски работник кој заработува минимална плата“, вели Балан.

Да се знаат и бараат своите права

Ако кај него дојде измамен градежен работник тој има многу можности нему да му помогне, вели Балан. Тој може да се поврзе со работничкиот совет во компанијата и да побара од фирмата да направи притисок врз подизведувачот. Истотака може да се јави и кај одговорниот синдикат, агенцијата за вработување или пак да им понуди адвокат на градежните работници, за да добијат барем дел од нивната заслужена плата. Градежниот работник веднаш по доаѓањето во Германија станува член на синдикатот и по три месеци има правна заштита и не мора самиот да ангажира адвокат. Синдикатот ќе се погрижи за се’. Затоа Михаи Балан советува секој вработен да се информира на почетокот од неговиот ангажман во Германија. На пример, сите кои во последниве седум години добиле дозвола за престој во Германија имаат право да посетуваат интеграциски курс. Таму тие не го учат само јазикот, туку исто така и повеќе за условите за живот во земјата.

Иако секое од советувањата од страна на „Фер Мобилност“ во Берлин, Франкфурт и Хамбург има различен фокус, сепак работниците од Средна и Источна Европа на секое од овие места можат да разговараат за своите проблеми, често дури и на нивниот мајчин јазик.