Почна „лудото доба“ - карневалот
27 февруари 2014Реклама
Во традиционалните упоришта на карневалот во Германија, Келн, Диселдорф, Мајнц, но и во стотици други градови во земјата почна „петтото годишно време“ - карневалот. Од денеска(27.02.2014) до в среда, т.н. Среда пепелница, ќе се слaви, пее, танцува, а потоа, според обичајот, почнува постот.
Секоја година карневалот има едно мото, а годишеното во Келн гласи: „Иднина. Да видиме што таа ќе ни донесе“, во Диселдорф пак гласи: „Диселдорф се дотера“.
Кулминацијата на карневалот се традиционалните карневалски поворки вo понеделник, т.н. Розенмонтагсцуг во трите споменати градови.
Веднаш по карневалот почнува постот што трае до Велигден. Во тој период христијаните се воздржуваат од земни задоволства.