Германија осминафиналист на Светското првенство во кошарка
24 август 2006Реклама
Германските кошаркари како второпласирани во групата се пласираа за осминафиналето на светското првенство што се одржува во Јапонија. Последниот натпревар од групата беше посебно драматичен; средбата со Ангола, првак на Африка, во регуларниот тек заврши нерешено 69 спрема 69. Уследија дури три продолженија, за на крајот Германија да слави победа од 108 спрема 103. Во сите клучни моменти извонредна улога одигра Дирк Новицки, кој со 47 постигнати кошеви беше далеку најефикасниот актер на натпреварот.