1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија не успеа, Фелер поднесе оставка

24 јуни 2004

Репрезентацијата на Германија не успеа да се пласира во завршницата на ЕП во Португалија, откако синоќа претрпе пораз во мечот со Чешка. Селекторот Руди Фелер разочаран поднесе оставка. Со сигурниот настап против Летонија, Холандија обезбеди место во четвртфиналето

https://p.dw.com/p/Aen7
Германските фудбалери, разочарани
Германските фудбалери, разочараниФотографија: AP

Репрезентацијата на Чешка, со преполовен прв тим ја победи Германија со 2:1и ја испрати дома. Германија, како што најави селекторот Руди Фелер, одигра офанзивно, но недоволно ефикасно за место во четвртфиналето. Со прекрасниот гол во 21 минута Михаел Балак и донесе водство на Германија, Чесите возвратија со голот на Марек Хајнц во 30 минута, за на 13 минути пред крајот на мечот, Милан Барош да им ги закопа надежите на Германците за натамошен пласман.

Селекторот на Германија, Руди Фелер, кој предмалку поднесе оставка е разочаран

“Разочарувањето се разбира е огромно, пред две години се радувавме што релативно добро напреднавме и стигнавме до финалето на СП, но сегашните резултати се горчливи. Имавме голема шанса со оглед на констелацијата во нашата група, но но пред се не игравме како во второто полувреме синоќа. Она што го покажавме во вториот дел е она како што јас замислувам дека треба да игра оваа екипа, единствено што недостасуваше беа головите“

Неефикасноста и многуте неискористени шанси, според Михаел Балак, се причина за неуспехот

“Тоа што не дадовме голови, мислам дека е главниот проблем, се виде игравме ангажирано и имавме шанси за повеќе голови, но не постигнавме, чесите играа со втор тим, бевме ангажирани дадовме се од себе но тоа не беше доволно“

Германија, според Балак, имала и полоши настапи последниве години отколку на ова ЕП

“ Мора да работиме натаму и да составиме добар тим за СП во 2006 година, но на оваа репрезентација не треба да и се префрла“

Разочаран е и претседателот на германскиот фудбалски сојуз, Герхард Маер Форфелдер, според кого мора да се седне и анализира овој турнир

Германија, е третата голема репрезентација која пред време си заминува дома, истата судбина ја доживеаа и Италија и Шпанија

Селекторот на Холандската репрезентација е задоволен од сигурниот настап на неговиот тим против Летонија. Со двата гола на Руд Ван Нистелрој и еден на Рој Макај, лалињата, обезбедија пласман во четвртфиналето, каде на мегдан ги очекува Шведска.

Возбудувањата на ЕП, продолжуваат вечерва, со првиот четвртфинален натпревар, помеѓу домаќинот Португалија и репрезентацијата на Англија. Франција Грција, Данска Чешка и Шведска Холандија се преостанатите три четвртфинални двојки.