1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија не сака да фрла пари во грчкото буре без дно

ЖА/ртре27 мај 2012

Германскиот министер за внатрешни работи Хасн-Петер Фридрих апелира на Грците да бидат разумни при претстојните избори ако сакаат помош. Германија не сака да фрла пари „во бунар без дно“.

https://p.dw.com/p/153Gy
Фотографија: Fotolia/mik ivan

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих во видео интервју за „Лајпцигер цајтунг“ синоќа предупреди од давање помош на Грција како во „бунар без дно“. Натамошната финансиска помош на Грција Фридрих ја доведе во корелација со исходот од претстојните избори во земјата:

„Оној кој бара помош и солидарност од нас, мора да прифати од него за возврат да добиеме извесна сериозност и разумност“.

Германија е подготвена да обезбеди помош за самопомош, но не е подготвена да фрла пари во бунар без дно, истакна Фридрих.

Грците при приемот на нивната земја во еврозоната „очигледно поверувале - ако влезат во неа, тогаш автоматски им е обезбедена благосостојбата“. Но, тоа е големо залажување. Една државна економија и „една земја мораат со својата стопанска сила да парираат на одредена валута“, изјави германскиот министер.