1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија надвор од трката за медал на ЕП во кошарка

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bflk

Домаќинот на ЕП во кошарка, Шпанија, ги урна надежите на Германија дека може да влезе во борба за медал на првенството. Синоќа во четвртфиналниот натпревар Шпанците ја совладаа индиспонираната Германија со високи 83:55 и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри. Германија го очекува победникот од дуелот Словенија-Грција. Доколку триумфира ќе обезбеди пласман на меѓуквалификациски турнир за учество на Олимписките игри во Пекинг.