1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Португалија ја започнуваат нокаут фазата

19 јуни 2008

Многумина оценуваат дека вечерва во Базел ќе бидеме сведоци на финале пред финалето. Германците во мечот влегуваат хендикепирани поради отсуството на тренерот Јоаким Лев. Повредени се Торстен Фрингс и Лукас Подолски.

https://p.dw.com/p/EMdJ
Вечерва ќе биде на трибините, Јоаким ЛевФотографија: AP

Селекторот Јоаким Лев нема да може од клупата да ги советува своите избраници во репризата на дуелот за третото место од последниот Мундијал во Германија. Тогаш германците славеа со убедливи 3:0, но вечерва ги очекува тежок дуел. На тоа е свесен и Бастијан Швајнштајгер, повратникот во тимот, по казната од еден натпревар поради црвен картон. Германците натпреварот мора да го започнат офанзивно. Во спротивно вели тој, немаме шанси за победа:

„ Мислам дека Португалците малку се променети, така што не очекува потежок натпревар од оној во 2006 година. Тие се позрели и според мене најсилна репрезентација на првенството. Затоа сметам дека дека тоа ќе биде еден многу тежок натпревар за нас„ изјави Швајнштајгер

Отсуството на тренерот Лев секако е голем хендикеп. Тој ќе биде на трибините, а неговата функција ќе ја извршува асистентот Ханси Флик. На теренот ќе го нема Торстен Фрингс, кој го повреди реброто во натпреварот против Австрија. Лукас Подолски сеуште не тренира поради болки во едната нога.

Менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, реагираше на одлуката на дисциплинската комисија на УЕФА, која го казни Лев поради исклучувањето на натпреварот против австрија:

„Разочарувањето е големо, но истовремено немам разбирање за оваа одлука. Кога ќе се прочита причината, таа нема никаква логика. Но сепак ќе мораме да ја прифатиме одлуката„ изјави Бирхоф

Руска лекција по фудбал за Шведска

Инаку синоќешните натпревари во групата „Д„ го дадоа последниот патник во четвртфиналето, Русија, која и одржа вистинска лекција по фудбал на Шведска. Натпреварот во Инсбрук заврши со 2:0, а можеше и многу повеќе со оглед на големиот број пропуштени шанси на русите. На тоа е свесен и напаѓачот на Нирнберг, Иван Саенко:

„Да можевме да победиме со 4:0 или 5:0. Но сега е сеедно. Најважно е што победивме и во наредните ден или два ќе уживаме во триумфот„ изјави Саенко

Селекторот Гус Хидинк, по натпреварот беше презадоволен:

„Многу сум горд на тимот кој од првата минута вршеше голем притисок за да постигнат гол„ изјави Хидинк

Русија за противник во четвртфиналето ја добива Холандија, која е вистински хит на првенството. Во вториот синоќешен дуел Шпанија ја совлада Грција со 2:1. Актуелниот европски шампион првенството го напушта без ниту еден освоен бод и со само еден гол во три натпревара.

Инаку распоредот на четвртфиналните дуели е следен. Вечерва во Базел играат Германија и Португалија. Хрватска и Турција, во петок во Виена. Холандија и Русија се на мегдан во сабота во Базел. Последниот патник во полуфиналето ќе биде познат во недела по дуелот Шпанија и Италија кој се игра во Виена.