1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Италија полуфиналисти

1 јули 2006

Германија е во фудбалска еуфорија по вчерашниот голем успех на милениците на нацијата кои во трилер завршницата против Аргентина на олимпискиот стадион во Берлин обезбедија пласман меѓу четирите најдобри во светот. Големото славење траеше долго во ноќта кога низ улиците на сите градови во земјата каде се пееше „одиме во финале во Берлин„. Сепак избраниците на селекторот Јирген Клинсман дотаму ќе треба

https://p.dw.com/p/Ac5K
Фотографија: AP

да ја минат и последната пречка, Италија, која синоќа, во второто четвртфинале ја прегази Украина со 3:0

Многумина љубители на фудбалот се сеќаваат на финалето од 1982 година на СП во Шпанија. Италија тогаш ја совлада Западна Германија со 3:1 и по трет пат стана светски првак. Репризата на овој меч, дваесет и четири години подоцна на домашен терен ќе биде одлична можност германците да се реваншираат. Задачата нималку нема да биде лесна. На тоа е свесен и селекторот Јирген Клинсман кој по вчерашниот успех во пенал рулетот против Аргентина изјави дека репрезентацијата ја гледа во финалето:

„ Имаме уште два големи чекора пред нас, сакаме да станеме светски прваци. Но знаеме дека и тие ќе бидат многу напнати натпревари„

Навивачите ширум Германија громогласно одекнаа кога одличниот голман Јенс Леман го одбрани последниот пенал на Естебан Камбиасо и ја однесе Германија во полуфиналето на Мундијалот.

„ По ова четвртфинале во кое победивме, тоа е фатнтастично за нас, за тимот. Одлично шутиравме и мислам дека од голманот на германската репрезентација се очекува да биде успешен при изведувањето пенали„ изјави скромниот Леман јунакот на мечот кој одбрани два пенала

Инаку регуларниот дел од мечот заврши 1:1. Аргентина поведе со голот на Ајала во 49, минута, израмнувачкиот гол за Германија го постигна Клозе на десет минути пред крајот, со што со пет постигнати голови води на листата стрелци на првенството.

Одличните одбрани на јунакот на мечот Леман предизвикаа радост и на свечената ложа на олимпискиот стадион каде беа присутни и сојузниот канцелар Ангела Меркел и претседателот Хорст Келер.

„ Во секој случај ова беше неверојатно, но заврши прекрасно, благодарејќи на Леман„ изјави Хорст Келер

Во вториот четвртфинален дуел во Хамбург Италија ја совлада Украина со 3:0. Лука Тони на двапати и Џанлука Замброта беа стрелци на головите со кои Италија обезбеди пласман за полуфиналниот натпревар против Германија, на 4 јули во Дортмунд