1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија има проблем со својот имиџ кај доселениците

ЕМФ/ард/епд4 февруари 2013

Германија заостанува во меѓународни рамки во делот на доселување на висококвалификувани работници. Во најновиот извештај на ОЕЦД се констатира: германските претпријатија ретко вработуваат стручњаци од странство.

https://p.dw.com/p/17Xgd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пречките за вработување странски стручњаци во Германија се помали во споредба со други индустриски нации, но сепак, германскиот систем на доселување во земјата и во странство се гледа како рестриктивен. Тоа е главната констатација во извештајот „Доселување на странска работна сила: Германија“ на Меѓународната организација за соработка и развој (ОЕЦД).

Кај работодавачите во Германија широко е всадено убедувањето дека придобивање странски работници е компликувано, се вели во извештајот. Експертите зборуваат за „стоп на привлекување странски работници со исклучоци“. Оттука, Германија би морало да дозволи во основа работна миграција под јасно дефинирани услови и да ги намали пред се‘ пречките за странците со средни квалификации за да привлече повеќе стручњаци од странство.

Колку што германскиот систем на доселување е широкоград за стручњаците со високошколско образование, толку е тешко доселувањето на квалификувана работна сила која нема универзитетска диплома, нагласува генералниот секретар на ОЕЦД Ив Летерм. Тоа е причината зошто во Германија, споредено во меѓународни рамки, доаѓаат малку странски стручњаци. Бројот на работници кои годишно доаѓаат во Германија од земјите кои не се членки на ЕУ и на ЕФТА, изнесува околу 25.000. Мерено според бројот на население, во Австрија, Данска, Канада и Велика Британија годишно на пазарот на работна сила доаѓаат пет до десет пати повеќе доселеници.

Belgien flämischer Ministerpräsident Yves Leterme
Ив Летерм: Тешко е доселувањето на луѓето со средни квалификацииФотографија: picture-alliance/ dpa

Експертите нагласуваат дека лошиот имиџ на германскиот систем не е оправдан. Времето на обработка на документите не е долго, постапката е финансиски по поволна цена, а квотата на одбивање е ниска. Поголема пречка е да се најде соодветен кандидат, гласи еден друг резултат од студијата на ОЕЦД. Малите и средни претпријатија во Германија инсистираат главно на познавања на германскиот јазик и бараат многу специфични квалификации кои тешко се наоѓаат во странство.

Symbolbild Blue Card für Europa
Сината карта донесе подобрувања, но...Фотографија: picture-alliance/chromorange

Германската влада во изминатите години го олесни доселувањето на стручна работна сила. Најдолната граница на заработувачка на висококвалификуваните е симната со воведувањето на Сината карта на ЕУ, а за одделни професии отпаднаа и испитите со кои се врши селекција на кандидатите. Освен тоа, признавањето на странски дипломи за странците кои живеат во Германија е олеснето. Сепак, владата и опозицијата и натаму инсистираат подобро да се користи работниот потенцијал што веќе е на располагање во земјата, како поголемо вработување жени и постари лица, како и намалување на бројот на ученици кои предвреме го прекинале школувањето.