1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија избира

ЕМФ/дв22 септември 2013

Трка рамо до рамо - истражувачите на јавното мислење предвидуваат пат позиција на коалицијата на Меркел и опозиционите партии на овие парламентарни избори во Германија. Многу граѓани до крај беа неопределени.

https://p.dw.com/p/19lku
Фотографија: Reuters

Во дел од последните анкети пред изборите мала предност имаа владејачките партии, во дел - опозицијата. Набљудувачите се единствени само во ставот дека улога на фаворит без сомневање има канцеларката Ангела Меркел. Таа може да се надева nа уште четири години на врвната позиција во Владата, со кој и да е коалиционен партнер.

Црно-жолта или црно-црвена коалиција?

Доколку владејачката коалиција на партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и ФДП (либералите) не освои доволен број гласови за да владее и натаму, можно е да дојде до голема коалиција, како во 2005 година, и на власт да бидат Унијата и СПД (социјалдемократите). Замислива е и црно-зелена коалиција на Унијата и Зелените, но можноста за таков сојуз беше исклучена пред изборите, исто како што се тврдеше дека нема да дојде до црвенo-црвено-зелена коалиција, односно покрај СПД и Зелените, во евентуална владејачка коалиција да биде приклучена и Партијата на левицата. Шансите за СПД и Зелените сами да состават владејачка коалиција, според анкетите, не се добри.

Bundestagswahl Deutschland 22.09.2013 Stimmzettel
Фотографија: picture-alliance/dpa

Право на глас имаат 61,8 милиони граѓани. Избирачките места се отворени до 18 часот. Во покраината Хесен, покрај сојузните, денеска се одржуваат и покраински избори. За место во парламентот се борат 4500 кандидати од 34 партии. Сигурно е дека во парламентот ќе има пратеници на Унијата (во 2009 година - 33,8%), СПД (во 2009. - 23%), Партијата на левицата (во 2009. - 11,9%) и Зелените (во 2009. - 10,7%). За ФДП (либералите) кои пред четири години постигнаа рекорден резултат -14,6%, овојпат ништо не е сигурно. Дали тие ќе го минат цензусот од 5 % не се знае, особено ако се има предвид дека на покраинските избори во Баварија пред една недела освоија само 3,3% од гласовите.

Шанси за влез во Бундестагот има Алтернатива за Германија, партијата која е критична кон еврото. Шансите на партијата на Пиратите да го минат цензусот се мали. Многу важен за исходот на изборите е одзивотна избирачите, кој на минатите избори беше рекордно низок - само 70,8%.