1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – заложници

21 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKSg

Радикално-исламските Талибанци тврдат дека го убиле едниот од двајцата германски заложници во Авганистан. Претставник на Талибанците соопшти дека заложникот бил застрелан по истекот на ултиматумот, кој истекол напладне. Агенциите јавуваат дека во меѓувреме е убиен и вториот Германец. Потврда за убиствата од германска страна нема. Талибанците поставија ултиматум до денеска напладне со временски рок до владата во Кабул да преземе чекори за преговори со нив. Талибанците бараат повлекување на германските трупи од Авганистан и ослободување на затворените Талибанци. Министерството за надворешни работи во Берлин изрази сомневање во можноста грабнатите Германци да се навистина во рацете на исламистите. Германската канцеларка Ангела Меркел, во едно интервју ги отфрли барањата за повлекување на Бундесверот од Авганистан. Грабнатите Германци, според медиумски извештаи, се инженери кои работат на градежни проекти во Авганистан по задача на ОН.