1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија - забрана за пушење

7 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDVW

Во сите државни служби и во јавниот сообраќај во Германија од 1. септември ќе биде забрането пушењето. По Бундестагот, соодветниот законски акт го одобри и вториот дом на парламентот, Бундесратот (претставништвото на покраините). Државниот секертар при Министерството за здравство Марион Касперс Мерк по одлуката порача: “Кој сака да пуши мора да излезе надвор. Во Министерствата меѓутоа може да бидат создадени и посебни соби за пушење”.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе бидат соочени со казни и до 1.000 евра.