Германија е светски првак во ракомет
5 февруари 2007Вистина се случи: Германија повторно ја освои титулата светски првак во ракомет. Во финалето во преполната Келнарена беше победена Полска со 29 спрема 24:
„Ако сум искрен пред три недели сметав дека не е можно она што се случи. Имавме многу проблеми, но турнирот така се одвивавше што дури подоцна сфатив, а екипата ми направи толку задоволство. Патем имавме и малку среќа што е неопходна„.
Сојузниот тренер Хајнер Бранд со оваа анализа го изрази она што многумина го чувствуваа – на титулата малку кој сметаше.
Голманот Јоханес Битер по финалето со оценка за успехот:
„Мислам дека за време на овој турнир развиваме таква волја што ниту во еден момент не заборавивме да веруваме во себе и кога имавме само еден гол предност, бев сигурен дека сме доволно силни да победиме„.
Германската канцеларка Ангела Меркел од нејзината турнеја по Блискиот исток на германската репрезентација и упати лична честитка:
„Најнапред и честитам на германската екипа. Мислам дека се надмина себе си. На сите навивавчи им приреди голема радост и доби нови приврзеници за овој спорт. И иако се ноаѓам далеку од дома, срдечни честитики и се најдобро„.